БЕСПЛАТЕН СТРИП АЛБУМ “ПОД НАДЗОР”

МакСтрипови доби можност од Пинг.мк да помогне во споделувањето на стрип албумот “Под Надзор“ (“Under Surveillance“) во издание на асоцијацијата EDRi (Eвропски дигитални права).

Дистрибуцијата е овозможена од страна на следните институции, организации и фирми во текот на нивното работно време:

Скопје
* Фондација “Метаморфозис“, ул. Апостол Гусларот бр. 40, секој работен ден помеѓу 9 и 17 часот
* Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ Скопје, Оддел за британска литература, бул. „Партизански одреди“ бр. 22
* Книжарница „Икона“ на ул. „Димитрие Чуповски“ (спроти МекДоналдс), секој работен ден и сабота помеѓу 9 и 21 часот, во недела од 12 до 21 часот.

Велес
* Фондација „Фокус“, ул. „Трајко Панов“ бр. 22

Дебар
* Центар за одржлив развој на заедницата , ул. „Вељко Влаховиќ“ бр. 13 во Центарот за култура

Кичево
* Центар за развој на заедницата, ул. 11 септември бб, зграда Сушица

Кратово
* ЗГ „Регионален центар за одржлив развој“, ул. „Гоце Делчев“ бр. 24

Количината на хартиени стрипови е ограничена на 33 и ќе бидат поделени според принципот „кој прв се пријави, тој добива“. Оние кои нема да успеат да си резервираат примерок на хартија, може да го симнат стрипот во ПДФ формат на АНГЛИСКИ или ФРАНЦУСКИ јазик.

Повеќе инфо ТУКА!

13.07.2010

13.07.2010