МАКЕДОНСКИ СТРИП ФОРУМ https://www.makstrip.com.mk/forum/ |
|
M-comics Нови стрип изданија на македонските киосци https://www.makstrip.com.mk/forum/viewtopic.php?f=13&t=3691 |
Page 18 of 22 |
Author: | THEMICO [ 17 Apr 2015, 09:54 ] |
Post subject: | Re: M-comics Нови стрип изданија на македонските киосци |
Samo napred decki.... |
Author: | gordan [ 17 Apr 2015, 13:13 ] |
Post subject: | Re: M-comics Нови стрип изданија на македонските киосци |
Бравос! И не се воздржувајте да користите и дијалектни или разговорни форми во облачињата кога треба - иако не е литературно (па и правописно) правилно, тие само ќе го збогатат изданието. |
Author: | M-comics [ 24 Apr 2015, 09:00 ] |
Post subject: | Re: M-comics Нови стрип изданија на македонските киосци |
Почитувани, Четвртиот број од серијата од стрипови "Драгонеро" ќе биде пуштен во продажба од следната недела. Датумот на излегување ќе биде најавен дополнително во текот на неделата. |
Author: | THEMICO [ 24 Apr 2015, 09:45 ] |
Post subject: | Re: M-comics Нови стрип изданија на македонските киосци |
Ах бе... |
Author: | M-comics [ 25 Apr 2015, 11:21 ] |
Post subject: | Re: M-comics Нови стрип изданија на македонските киосци |
Иако со мало задоцнување, од следниот четврток излегува четвртиот број од серијата од стрипови "Драгонеро"... |
Author: | fichot [ 25 Apr 2015, 15:05 ] |
Post subject: | Re: M-comics Нови стрип изданија на македонските киосци |
супер супер.. се збират за читање на плажа летово. |
Author: | M-comics [ 30 Apr 2015, 08:58 ] |
Post subject: | Re: M-comics Нови стрип изданија на македонските киосци |
#Драгонеро бр. 4 Наслов: „Мрачната тврдина“ Текст: Luca Enoch и Stefano Vietti Илустрација: Giuseppe Matteoni и Luca Malisan Во продажба на киосците ширум Македонија, Бункер, Југотон и книжарниците на Топер. Конечно |
Author: | THEMICO [ 30 Apr 2015, 14:48 ] |
Post subject: | Re: M-comics Нови стрип изданија на македонските киосци |
Nabaveno. Svaka cast....mozat kaverite tro pejntani da gi prat pa ovie taljanive...ic ne me bendisvat... |
Author: | M-comics [ 22 May 2015, 09:30 ] |
Post subject: | Re: M-comics Нови стрип изданија на македонските киосци |
Загор бр.12 Наслов: „Плезент Поинт“ Текст: Ade Capone/Moreno Burattini Илустрација: Gallieno Ferri/Marco Verni Во продажба на киосците ширум Македонија, Бункер, Југотон и книжарниците на Топер |
Author: | THEMICO [ 22 May 2015, 19:22 ] |
Post subject: | Re: M-comics Нови стрип изданија на македонските киосци |
Набавено...број 12 а? Секоја чест.... |
Author: | Konan Makedon [ 23 May 2015, 17:35 ] |
Post subject: | Re: M-comics Нови стрип изданија на македонските киосци |
Наредно за издавање што е? Специјалецот од ДД нешто закасна. |
Author: | Neo [ 25 May 2015, 20:18 ] |
Post subject: | Re: M-comics Нови стрип изданија на македонските киосци |
Претходниот Дилан се објави на 9-ти Април, а бидејќи темпото нели беше променето на 1.5 месец, дали до крај на неделава да го очекуваме следниот број? Tоа е оваа епизода: |
Author: | M-comics [ 27 May 2015, 12:22 ] |
Post subject: | Re: M-comics Нови стрип изданија на македонските киосци |
За прв пат, овде на форумов, ќе споделиме кратко ифно за сите стрип љубители, посебно за фановите на Загор и Дилан Дог. Како што претходно најавивме, подготвуваме специјални изданија од понов датум. Се работи за два специјални броја од серијата Дилан Дог и еден број Макси Загор. Според нашиот распоред, специјалните броеви се предвидени во месеците јуни, јули и август, и тоа во следниот редослед: ДД специјален бр. 1 - јуни, Макси Загор - јули и ДД специјален бр. 2 август. Тоа би биле нашите изданија за ова лето, а редовната серија ќе продолжи во септември со Драгонеро бр. 5. Наскоро на нашата ФБ страна а и овде на форумов ќе ги објавиме насловите на сите три изданија предвидени за следните три месеци. |
Author: | Konan Makedon [ 27 May 2015, 13:10 ] |
Post subject: | Re: M-comics Нови стрип изданија на македонските киосци |
Значи Загор и Дилан редовната серија прекинуваат или продолжуваат од септември натака?? Ако се укинати целосно стварно штета... Супер за специјалциве ДД. |
Author: | M-comics [ 27 May 2015, 13:39 ] |
Post subject: | Re: M-comics Нови стрип изданија на македонските киосци |
Не се укинати, само паузираат за време на летниот период. Тоа е оптималното темпо што можеме да го понудиме во моментов, а истовремено да понудиме и нешто ново како што се овие специјални броеви, еден вид колекционерски примероци, особено ако се земе предвид тоа што читателската публика во Македонија нема можност по редовен пат да ги набавува овие изданија од Луденс, а и од ВЧ, кои ги немаат во својата понуда, а исто така ќе биде добра можност и за луѓето кои не ги пратат редовните серии а сакаат да имаат во колекцијата по некој примерок од М-комикс. Ако се додаде на тоа и фактот дека ДД специјалните броеви не се објавени досега на Балканот, веруваме дека ќе бидат пријатно летно освежување за сите читатели во Македонија. |
Author: | Konan Makedon [ 27 May 2015, 20:33 ] |
Post subject: | Re: M-comics Нови стрип изданија на македонските киосци |
С У П Е Р!!! |
Author: | Neo [ 27 May 2015, 21:19 ] |
Post subject: | Re: M-comics Нови стрип изданија на македонските киосци |
Во трите следни месеци 2 нови ДД специјали е одлична замена за редовните епизоди. Баш ме интересира да видиме за кои специјали се одлучивте да ги издадете |
Author: | THEMICO [ 28 May 2015, 21:22 ] |
Post subject: | Re: M-comics Нови стрип изданија на македонските киосци |
Жалам за одлагањата,ама па од друга страна секоја чест за маневрирањето и за какво такво присуство.... ИЗдржете и само напред. |
Author: | M-comics [ 02 Jun 2015, 13:13 ] |
Post subject: | Re: M-comics Нови стрип изданија на македонските киосци |
Дали сте подготвени за големо летно стрип изненадување? ☆ Летна стрип понуда од М-комикс ☆ Почитувани, Би сакале да ви ја претставиме нашата понуда од специјални стрип наслови надвор од редовната серија предвидени за ова лето. Во подготовка се три изданија и тоа: специјалните броеви Дилан Дог "Превртената пирамида" (јуни) и "Патување без надеж" (август) на 160 страни, како и изданието Макси Загор, една целосна приказна на 288 страни со наслов "Саботери" (јули). За сите останати информации следете нѐ и понатаму на нашата фејсбук страна #ДиланДог #Загор |
Author: | Borkacion [ 02 Jun 2015, 13:25 ] |
Post subject: | Re: M-comics Нови стрип изданија на македонските киосци |
Најс! |
Author: | gordan [ 02 Jun 2015, 19:49 ] |
Post subject: | Re: M-comics Нови стрип изданија на македонските киосци |
Макси Загор на македонски! То! Јас купувам а за Крале не знам... |
Author: | THEMICO [ 02 Jun 2015, 19:59 ] |
Post subject: | Re: M-comics Нови стрип изданија на македонските киосци |
I jas kufam SVE.... |
Author: | Eddie_rebel [ 05 Jun 2015, 11:33 ] |
Post subject: | Re: M-comics Нови стрип изданија на македонските киосци |
Во Штип каде има? |
Author: | M-comics [ 05 Jun 2015, 13:12 ] |
Post subject: | Re: M-comics Нови стрип изданија на македонските киосци |
Во Штип ги има на неколку трафики во и околу трговскиот центар во центарот на градот. Немаме информација за имињата на трафиките. |
Author: | Eddie_rebel [ 06 Jun 2015, 11:16 ] |
Post subject: | Re: M-comics Нови стрип изданија на македонските киосци |
Благодарам на одговорот. Во онаа во трговскиот центар нема ништо од М-Комикс. Вчера пред да пишам, бев - немаа изложено, а и продавачот го прашав, рече дека немаат. Пред околу месец и кусур кога проверував таму имаа само постари броеви, Дилан Дог трет број и постар број на Загор. А околу трговскиот центар, знам две места каде се продаваат весници и списанија, вчера во двете немаше изложено ништо од М-Комикс. Наредниот пат ќе прашам за секој случај, да не им се затскриени. Во едната знам сум купувал лани, ама после тоа неколку пати прашував - немаа. Во другата не се сеќавам да сум видел изложено било каков стрип, само весници и списанија. Или дистрибуцијата за овде не чини или се продаваат за ептен кратко време. Ова општо зборувам, не само за последниот период. Првото ваше издание кое го купив (Дилан Дог 1), купено е од трафиката карши хотелот. А за да го најдам таму претходеше прошетка до три-четири други трафики каде го немаше. Веќе за второто (мислам Магичен ветер 2) кога го барев во истата - го немаше. Него го купив од трафиката на „едносмерната“. Наредното издание (мислам Дилан Дог 2) го немаше во истата трафика, а го немаше ниту во онаа карши хотелот. Го најдов во трафиката пред трговски. Наредното (мислам Магичен ветер 2) го немаа таму. Него го купив од една продавница на „едносмерната“, случајно го забележав. После продавницата ја затворија и оттогаш па натаму тие што ми се земени (Дилан Дог и Драгонеро) се од Бункер затоа што овде не можам да ги најдам, ги нема изложено, а кога и да сум прашувал - немало. |
Page 18 of 22 | All times are UTC + 1 hour |
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Group http://www.phpbb.com/ |